Субвенции за четири нови дестинации кон Шпанија и Скандинавија

Bez autora
Dec 07 2014

Нови субвенции ќе добијат авиокомпании што се заинтересирани да воспостават најмалку четири нови дестинации помеѓу аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и континентална Европа, Пиринејскиот Полуостров и Скандинавија, како и најмалку една нова дестинација помеѓу аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид и државите од континентална Европа. Владата вчера објави повик за доставување барање за доделување финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници за наредните три години. Заинтересираните компании треба да имаат остварено профит од најмалку 25.000.000 евра, како и да имаат превезено најмалку 10 милиони патници во 2013 година. Финансиската поддршка подразбира еднократен износ од 40.000 евра во денарска противвредност за секоја нова дестинација, 13 евра во денарска противвредност по патник во заминување во првата година, 12 евра во втората година и 11 евра во третата година.

Субвенции за четири нови дестинации кон Шпанија и СкандинавијаНови субвенции ќе добијат авиокомпании што се заинтересирани да воспостават најмалку четири нови дестинации помеѓу аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и континентална Европа, Пиринејскиот Полуостров и Скандинавија, како и најмалку една нова дестинација помеѓу аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид и државите од континентална Европа.

Владата вчера објави повик за доставување барање за доделување финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници за наредните три години. Заинтересираните компании треба да имаат остварено профит од најмалку 25.000.000 евра, како и да имаат превезено најмалку 10 милиони патници во 2013 година.

Финансиската поддршка подразбира еднократен износ од 40.000 евра во денарска противвредност за секоја нова дестинација, 13 евра во денарска противвредност по патник во заминување во првата година, 12 евра во втората година и 11 евра во третата година.

Избраната компанија што ќе добие субвенции треба најдоцна до 1 јули следната година да започне со оперирање на линиите и да воспостави или да одржи база од најмалку еден воздухоплов на аеродромот „Александар Велики“ во период за кој се доделува финансиската поддршка. Новите дестинации треба да бидат опслужени најмалку двапати неделно.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik